Пристап

Како функционира Балканскиот форум: Откривање на потенцијалот за покренување регионални промени

Балканскиот форум служи како платформа за собирање на различни лидери од различни сектори: граѓанско општество, приватен сектор и влада. Тој дејствува како неутрален посредник и олеснувач при утврдување можности и катализирање ветувачки иницијативи за соработка и ќе се потпира на ресурсите, средствата и односите за да инкубира и развие заеднички стратегии за промени. Форумот свесно ќе поттикне експериментирање и иновација, особено во пристапот до владите за создавање консензус, ќе спроведува идеи во дејства и ќе се придржува до реториката за соработка во спроведување на реална политика.


Кој е вклучен: Поврзување партнери и ширење гласови

Балканскиот форум има за цел да поврзе различни иницијативи, повеќе засегнати страни и нови социјални претприемачи со цел да овозможи соработка и да го зголеми влијанието. Преку постојан дијалог со сè поголема мрежа на лидери од граѓанското општество, академските институции, бизнисот и владата, Форумот им помага на своите партнери да утврдат можности за заедничко дејствување, да развијат координирани стратегии и да создадат меѓусебно договорени агенди за дејствување. Форумот е посветен на ангажирање на младите мислители и иновативни претприемачи и на ширење прогресивни гласови. Тој ќе спои веќе утврдени и новосоздадени иницијативи и ќе ја зајакне работата на голем број поединци и организации што се подготвени на прекугранична соработка и соработка со разни сектори што целат кон постигнување на заедничките регионални развојни цели.



Работни рамки на Форумот: Дефинирање на регионот и опфатот

Балканскиот форум има широк, флексибилен поглед кон балканскиот регион и нема за цел да исклучи која било од земјите. Како почетна точка, Форумот се фокусира на Западен Балкан и Грција – регион што опфаќа земји што се стремат кон членство во ЕУ, а што се наоѓаат меѓу најстарата земја-членка на ЕУ од Балканот (Грција) и најновата (Хрватска). Во утврдувањето на тековните активности, Форумот ја шири неговата комуникација со Бугарија, Романија и Турција. Форумот не е фокусиран само во рамките на регионот, туку ја зема предвид и позицијата на истиот во врска со повеќе други региони, во и надвор од Европа. Тој се стреми да учи од успесите и недостатоците на други регионални иницијативи.

Водечки концепти во работата на Балкански форум

  • Позитивна агенда фокусирана на дејствување: Спојувајќи ги луѓето на регионален разговор кој ги нагласува предностите на соработката и можностите за одржлив развој, Форумот покренува процес во кој ќе има можност да се утврдат заедничките интереси и верувања. Форумот зазема еден прагматичен пристап и се фокусира на проекти што се изводливи, што уживаат голема поддршка и што можат да помогнат во решавање на конкретни проблеми.

 

  • Проширување дијалог и консензус: Ефективната регионална соработка бара тесна и посеопфатна соработка низ земји и сектори, вклучувајќи ги и граѓанското општество, приватниот сектор и владите. Овозможувајќи им на различни учесници да формираат нови партнерства, во исто време ширејќи ги гласовите на младите и маргинализирани лидери, Форумот се обидува да го открие потенцијалот за колективен раст на Балканот. Форумот се потпира на континуиран дијалог со растечка мрежа на партнери за да ја дефинира својата стратегија, да ги утврди приоритетите и да утврди распоред на дејствување.

 

  • Проширување на ресурсите на регионот: Регионот ги поседува ресурси, талент и потенцијал за да создаде решенија за проблемите со кои се соочува. Тоа е одразено во многубројните иновативни иницијативи што веќе постојат на локално и регионално ниво. За жал, таквите иницијативи, често, се придружувани од поконвенционални идеи и решенија. Балканскиот форум сака да ги поврзе, зајакне и прошири прогресивните иницијативи, институции и мрежи во регионот, помагајќи во инкубирањето и развивањето ефективни стратегии за промени. Успехот и интегритетот на Форумот се потпира на експертизата и талентите на поединците во својата мрежа.

 

  • Лекции, не шематски планови: Пристапите кон соработка не може да се преземат од други региони, но Форумот може да ги приближи лекциите научени од искуствата стекнати со други. Форумот е платформа за споделување инспирација и идеи за тоа како да се поттикнат продуктивни односи и дијалог, дури и во кризни времиња.

Донатори