Активности

БАЛКАНСКИ ДОСИЕЈА – База на знаење на Балканот

Во партнерство со истражувачите од регионот, Балканскиот форум подготви Балкански досиеја, база на податоци за регионална соработка. Бесплатниот онлајн извор служи како алатка за лидерите во владата, бизнисот, медиумите, граѓанското општество и академските институции што се стремат кон забрзување на напредокот на регионалниот развој. Базата на податоци содржи постојни и потенцијални прекугранични врски и релевантни референции и правни рамки за секоја земја како и за Европската унија.

Запознаени сте со Балканските досиеја или сакате да се информирате за нив? Контактирајте нè на info@thebalkanforum.org

 

СОРАБОТКА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА БАЛКАНОТ

Во септември 2014 година, во соработка со Заменик министерот за енергија и инфраструктура на Албанија, Балканскиот форум беше домаќин на еден регионален состанок за енергетска ефикасност на Западен Балкан кој ги собра на едно место регионалните и европските засегнати страни за да дискутираат за конкретни мерки за енергетска ефикасност и договорија методи за регионална соработка, вклучувајќи ги и оние утврдени во Европскиот договор за енергетска заедница. Учесниците се согласија дека од суштинско значење е постоењето на регионален пристап кон енергетската ефикасност, не само во смисла на зацврстување на процесот на интеграција во ЕУ, туку и во смисла на создавање директни придобивки за граѓаните на балканските земји и тоа: зголемување на вработеноста и придонесување кон посилни регионални односи.

Делегатите дефинираа збир на заклучоци, поставувајќи и цел за градење на попроактивен и обединет глас на балканските земји за енергетската ефикасност. Делегатите веруваат дека заштедата на енергија и користењето на чисти локални извори на енергија може да направи Балканот да биде помалку зависен од увоз на енергија, со тоа придонесувајќи кон побезбеден и постабилен регион.

Финален извештај на Регионалниот состанок за енергетска ефикасност, Тирана, септември 2014 година

Заклучоци на делегатите од Регионалниот состанок за енергетска ефикасност.