Тематски столбови

Развој на туризам и инфраструктура

Балканскиот регион е широко познат по неговите импресивни крајбрежја, гастрономско наследство, културни традиции и земјоделски производи што секоја година привлекуваат стотици илјади посетители. Економската моќ на туризмот може да се прошири преку иницијативи за регионален туризам што ќе го промовираат културното наследство и диверзитетот на Балканот и ќе ја зајакнат неговата инфраструктура преку поврзување на земјите. Таквите иницијативи ќе обезбедат финансиски приходи за руралните и урбаните заедници во целиот регион и ќе ги зајакнат односите меѓу луѓето.

За да се искористат тие можности, регионот има потреба од подобро информирање на јавноста за потенцијалните придобивки од заедничкиот туризам и за иницијативи што се еколошки, економски и културно одржливи. Подобрувањето на регионалната инфраструктура, исто така, ќе создаде услови за подобрување на регионалниот туризам, вклучувајќи железнички пруги за олеснување на движењето на туристите, регионални иницијативи за образување и обука и полесна прекугранична миграција за барателите на работа.

Балканскиот форум има за цел да стане катализатор за потесна регионална соработка за развој на туризмот и инфраструктурата што ќе помогне да се создаде визија за развојот на регионалниот туризам и ќе го промовира заедничкото културно наследство, како и диверзитетот на регионот.


Пристапи за регионално образование

Образованието е темел на економскиот развој на регионот и неговата интеграција во европските и глобалните заедници. Блиската соработка во иницијативите за практична настава може да создаде придобивки што ќе ги подобрат животот и перспективите на граѓаните.

Иако постојат голем број тековни напори за задоволување на потребите поврзани со образованието во регионот, сепак, остануваат неколку конкретни предизвици како на пример признавање на дипломи меѓу земјите, ниски нивоа на соработка меѓу универзитетите во регионот и отсуство од наставна програма што ќе ги подготви студентите и учениците за најконкурентните работни места на денешнината. Образовната миграција кон Западна Европа што е резултат на сето тоа го лишува регионот од вредни човечки ресурси.

Балканскиот форум има за цел да помогне да се изгради една модерна, напредна балканска образовна заедница која ќе се заснова на балканската богата историска и културна позадина, а која на крај ќе стане составен дел од европската образовна заедница.


Човечки капитал и пазари на трудот

Човечкиот капитал се еден важен фактор од економскиот раст и развој и претставуваат извор на конкурентни предности. Земјите на Балканот ќе имаат корист од подобрена конкурентност на пазарот на труд и зголемени инвестиции во образованието, науката и технологијата што водат кон квалификуван човечки капитал.

Додека има постојани напори за јакнење на регионалната трговија и поттикнување развој на приватниот сектор, голем дел од населението останува без работа, ограничувајќи го економскиот развој, зголемувајќи ја нееднаквоста и слабеејќи ги заедниците. Предизвиците, меѓу другите проблеми, што мора да се решат вклучуваат слаба координација меѓу образовните политики и политики на пазарот на труд, дебаланс меѓу побарувачката и понудата на работна сила поврзан со несовпаѓање на квалификациите, неадекватни системи за предвидување на трендовите и бараните квалификации на пазарот на труд, политички, бирократски и институционални пречки кај претприемништвото, иновациите и основањето нови друштва, недоволен степен на истражување и развој, и пречки за слободно движење на работната сила. Олеснувањето на создавањето на регионален пазар на труд ќе бара посебно внимание во усогласувањето на системите за образовните и обука во регионот и надградување на капацитетите за истражување во истиот.

Подобрувајќи ги способностите на регионот, Балкански форум се труди да мобилизира потесна регионална соработка за да го поттикне развојот на човечки капитал и да го подобри функционирањето на регионалниот пазар. Правејќи го тоа, тој помага во градење консензус за придобивките од еден пофлексибилен регионален пазар кој може да конкурира во една меѓусебно поврзана глобална економија. Праксата на развој покажува дека чекорите преземени за развивање на човечкиот капитал, а што се поврзани со зголемена мобилност на работна сила и инклузивни социјални политики, можат да ја зголемат целокупната конкурентност, да ја намалат сиромаштијата и да го зајакнат управувањето на сите нивоа.


Економски развој, енергија и животна средина

Благодарение на својата географска локација, богатите природни ресурси, мешовитата медитеранска и континентална клима и силата на човечкиот капитал, Балканот е на многу поволна позиција со важни компаративни предности на животната средина. Со доволна политичка волја, интелектуален капацитет, лидерство во граѓанското општество и одлучноста да учат од минатото, земјите од овој регион можат да изградат економија на обновлива енергија и да стане пример за континентот.

Економските предизвици со кои балканските земји се соочуваат денес, претставуваат можност за реформа што не само што ќе го покаже на регионот вистинскиот пат кон развојот, туку и ќе ги ревитализирани неговите млади демократии. Луѓето во регионот сакаат развој кој ќе овозможи вработување, ќе гарантира достоен живот и ќе промовира мудро користење на природните ресурси. 

Кога станува збор за соработка во однос на заедничка зелена економија, регионот не почнува од почеток, а Балкански форум ќе работи на тоа да ги олесни појавата и спроведувањето на ветувачки нови идеи и ќе помогне во мобилизирањето на ресурсите и инвестициите што ја унапредуваат соработката. Договорот за енергетска заедница потпишан во Атина во 2005 година е почетна точка, бидејќи покажува дека регионот може да поддржува договори што создаваат интегрирани пазари врз основа на заеднички интереси и солидарност. Тој покажува дека Балканот може да се подготви не само да прима и да користи европска помош, туку и значително да придонесе кон стабилност, развој и независност на секторот за енергетика на ЕУ.