Нашиот тим
И биографија ...

ASTRIT ISTREFI
Извршен директор

astrit@thebalkanforum.org

+386 (0)49 427 222


Повеќе од 18 години искуство во секторот за граѓанско општество што се фокусира на спречување конфликти, градење мир и прашања поврзани со развој на ранливи области, погодени од конфликти, водечки стратегиски развој и управување/следење на комплексни програми, буџети и тимови во Западен Балкан, Централна Азија, Кавказ, Авганистан, Обединетото Кралство и САД. Тоа вклучува работење со „Кеар интернешенел“, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Форумот за граѓански иницијативи (ФГИ) во Приштина; Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Кабул и Вашингтон; и „Сејфворлд“ во Лондон

Неговото искуство во високиот менаџмент во локални и меѓународни организации опфаќа стратегиски и оперативен менаџмент (и водечки стратегиски процеси на планирање и ревизија); развивање и зајакнување на човечките ресурси, финансии, прибирање финансиски средства и политика и системи за управување; водење и координирање со истражување и застапување ; и партнерства, вмрежување и создавање коалиции.

Проблематичните области на кои тој работи вклучуваат демократизација, развој на граѓанско општество, избори, решавање конфликти, безбедност на заедниците, инклузивни политички процеси, безбедност и лесно оружје, поврзување на мирот на ниво на заедници и безбедност со национални и меѓународни политики и рамки.

Како член на одбор во неколку невладини организации од 2000 година, тој придонесол кон нивен организациски развој и кон подобрување на нивното управување и одговорност.


URIM VESELAJ
ИТ офицер

urim@thebalkanforum.org

+386 (0)49 150 458


Со семејна историја на инженери и музичари, неговата прва работа била како техничар/продуцент на радио. Паралелно со тоа, свирел во рок бенд.

Во 2004 година основал своја компанија за аудио, видео и веб продукција, која имала договор со јавната телевизија „РТК“.

Вреди да се спомне дека добил ја наградата Рудолф Сопи / Уметничка камера за камерман на годината 2006.

Од 2008 година почнал да развива бази на податоци за внатрешни / интерактивни решенија за бизниси. До 2011 година, целата инфраструктура преминала во веб базирана апликација.

Во 2013 година, се вратил на видео продукцијата и сè уште се занимава со тоа.

Неговото мото е 3К => креативност, код, кафе...


AMELLA BASHOVIQ
Соработник на програмата

amella.bashoviq@gmail.com


Амела Башовиќ има 15-годишно работно искуство во меѓународни организации во Косово, како што се Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) и Мисијата за владеење на правото на Европската унија во Косово (ЕУЛЕКС), главно во областа на полициското работење.

Амела е магистер по Меѓународни односи и дипломатија и завршила два факултета по Ориентални студии и Политичка науки и јавна администрација.

Покрај тоа што е полиглот, таа, исто така, има завршено неколку меѓународни курсеви за Владеење на правото и Мировни операции во Франција (l’ENA Paris) и во Германија (ZIF Berlin) и учествувала во програмата за Глобално лидерство во ИПГЛ Македонија и за Проектен менаџмент во АУК ТДИ Косово. Амела, исто така, е поранешен студент на Политичката академија во Фондацијата Фридрих Еберт со претставништво во Приштина, Косово.


NATALIA ŻABA
Соработник на програмата