Нашиот одбор
И биографија ...

DR. HENRY SMITH


Хенри повеќе од 20 години работи на прашања поврзани со конфликти и градење мир.

Моментално, тој е Директор за консултантски услуги за конфликти, безбедност и управување во First Call Partners и неодамна ја напуштил државната служба во Велика Британија каде работел во Единицата за стабилизација и Одделот за внатрешен развој. Пред тоа, Хенри 10 години работел во организацијата „Побезбеден свет“, од кои 5 години на функцијата Извршен директор.

Хенри е искусен во работењето на постконфликтни прашања и прашања за градење мир на Западен Балкан.

Тој, исто така, има големо искуство во работење со Блискиот Исток, Африка и Јужна Азија. Докторската теза на Хенри ги истражувала врските меѓу градењето мир и контролата на малото и лесно оружје и опфаќа детално истражување за Западен Балкан.


ALEKSANDAR DEDOVIĆ


Александар Дедовиќ е роден на 1 јануари 1966 година.

Повеќе од 18 години ангажиран во работењето со организации за граѓанско општество во регионот на Западен Балкан, особено во пред-конфликтни, конфликтни и пост-конфликтни области.

Моментално е на позицијата Извршен директор на АЛФА Центар, невладина организација со седиште во Никшиќ, Црна Гора. Дипломирал на Филозофски факултет и магистрирал на Факултетот за безбедносни студии во Белград.


EJIRIS SHOSHI


Г-ца Ејирис Шоши е Главен оперативен директор на Фондацијата ОТТОноми, организација со седиште во Тирана која работи на обновување на историските споменици во Западен Балкан и повторно создавање на истите како Центри за уметност, култура и образование и како туристички места на дестинација за културно наследство.

Пред да ѝ се придружи на ОТТОноми, работата и експертизата на Ејирис во невладини организации е повеќе од 20 години, каде работела на неколку проекти финансирани од УСАИД, вклучувајќи ги IFDC - Меѓународниот центар за развој на ѓубрива, Проект СБЦА / Chemonics International, Храна за напредок / проект на Министерството за земјоделство на САД, АВМС – Центар за управување со здруженија и бизниси и AFADA – Албанско здружение за добавувачи на ѓубрива и земјоделски материјали. Тие организации работеле на развивање здрав и одржлив земјоделски бизнис сектор во Албанија. Ејирис ги поддржувала членовите на бизнисот и нивните соодветни здруженија преку развивање производи, технолошки иновации, ширење на нови пазари, извоз во странство, маркетинг планови и активности и помагала во олеснувањето на обуката и образованието за креирање политики и застапништво врз основа на агендата З. К. О – Застапништво, Комуникација и Образование.

Друг проект во кој Ејирис исто така учествувала, од 2011 до 2015 година, бил проектот „Мое училиште“, кој имал за цел да им помогне на основците и средношколците да создаваат годишници и да ги збогатат нивното знаење и вештините за самодоверба.

Моментално, Ејирис продолжува да ги поддржува и советува здруженијата ABMC и AFADA, како и нивните соодветни бизнис членови. Понатаму, Ејирис е советник на менаџерскиот тим Albanian Paradise, компанија за туризам и патување фокусирана на промовирање на албанскиот туризам, природното и историското наследство. Од 2008 година до денес, таа е вработена како консултант за различни проекти на ЕУ што се спроведуваат во Албанија, како што се GIZ, SIDA, SNV, Швајцарската фондација за култура и други. Исто така, Ејирис е членка на одборот и е директор за маркетинг на ново регистрираниот центар „Локален комитет на организатори на тиранскиот маратон“, чија мисија е да го искористи спортот за да ја подигне свеста за високи цели и да изнуди учество на јавноста во тие цели. 

Покрај нејзината страст за добротворна работа, Ејирис има уште три други страсти: музика, уметност и возење. Ејирис е менаџер на Здружението за меѓународни односи за пријатели на музиката и дипломирала на Високата школа за уметност во Тирана, како виолончелист. Во 2015 година, Ејирис му се придружила на тимот за рели на Албанија, а во 2016 година станала дел од Illyria Raid, првото теренско возење кое поминува низ 5 земји во неконкурентна трка: Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Ејирис стекнала диплома по бизнис администрација и менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот во Елбасан.


HARIS PAŠOVIĆ


Пашовиќ е еден од водечките театарски режисери во Југоисточна Европа во последните три децении. Неговата претстава „Будењето на пролетта“ од Франк Ведекинд во Југословенското драмско позориште во Белград станала театарско обележје во некогашна Југославија.

Неговата претстава „Чекајќи ги Годо“ од Семујел Бекет била последна југословенска премиера што се одиграла вечерта пред започнувањето на распадот на Југославија.

За време на Опсадата на Сараево, Пашовиќ бил режисер на Меѓународниот театарски и филмски фестивал МЕСС Сараево и ги режирал претставите („Алкеста“ од Еврипид, „Во земјата на последни нешта“ од Пол Остер, „Свилени тапани“ – Но драма) и ја продуцирал „Чекајќи го Годо“, легендарна претстава режирана од Сузан Зонтаг.

По војната, тој режирал голем број претстави што биле претставени на меѓународниот фестивал во Единбург, на фестивалот во Авињон, Фестивалот на уметности во Сингапур, Фестивалот на национални уметности во Јужна Африка, Градот на културата во Обединетото Кралство, Фестивалот на театарот во Наполи, Италија и многу други.

Неговото уметничко дело „Сараевска црвена линија“, режирана за 20-годишнината од Опсадата на Сараево била на ударни вести во целиот свет. Пашовиќ е директор на Центарот Исток – Запад во Сараево. Тој, исто така, предава на универзитетите во Сараево (Босна и Херцеговина), Нови Сад (Србија) и Блед (Словенија). Исто така пишува и претстави и есеи и држи говори на конференции и настани. Пашовиќ повеќепати е наградуван за неговите претстави.


KONSTANTINA ZOEHRER


Константина Зоерер е политички научник, истражувач и активист. Има дипломирано на Политички науки и историја на Универзитетот за политички и социјални науки „Пантеон“ и магистрирала на Југоисточни европски студии на Универзитетот во Атина.

Работи како независен советник за јавни работи, стратегија и развој на аналитички центри – организации на граѓанско општество и владини организации, како и за бизнис секторот. Има големо искуство во политиката, во вклучување на засегнати страни и интеркултурна дипломатија.

Нејзиното истражување и пракса се фокусираат на социо-економски развој, а особено на улогата на граѓанското општество и индуктивни модели (социјални движења, социјални претпријатија, социјална економија и економија на солидарност, урбана солидарност, неформалност, инклузија).

Таа е активна во политички и социјални работи и покажува еден силен фокус на заедницата и дејствувала во неколку позиции поврзани со европскиот развој на креирањето политики и заедници.

Од јуни 2015 година, таа е назначена за „приватен експерт“ на GECES - Експертската група за социјално претприемништво која Европската комисија ја консултира за релевантни прашања.

Константина е поранешен студент на Светскиот економски форум Global Shapers и на Симпозиумот Сент Гален на програмата за идни лидери.


RADE RAJKOVCEVSKI


Раде Рајковчевски, (М), е доцент на Катедрата за полициски науки и Одделението за безбедносни науки и приватно обезбедување на Факултетот за безбедност во Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Пред неговата академска кариера која започнала во 2006 година, неговото работно искуство било поврзано со работа во Армијата на Република Македонија (2002-2003), а има искуство и во областа на граѓанска заштита и безбедност во Северна Франција (2004-2005).

Бранел магистерски труд на тема Политика за национална безбедност и спречување конфликти (2010), а докторската дисертација му била на тема Соработка на европската полиција (2013). Тој е истражувач и експерт во проекти финансирани од ЕУ (ФП7, ECHO и Европа за граѓаните) и во неколку национални проекти.

Тој е автор на две книги и на повеќе од 30 статии. Негови главни области на истражување вклучуваат: полицијата, безбедносна политика, управување со кризи, цивилна заштита и меѓународна безбедносна соработка.